Според Марк Гурман од Bloomberg, Apple имаат направено пауза од една недела во развојот на iOS 18, macOS 15, watchOS 11 и tvOS 18 поради голем број на грешки во досегашниот развој.
Од компанијата наводно ги имаат насочено ресурсите кон исправка на грешките, а веќе се очекува дека работата има продолжено со нормално темпо.
Според информациите, внатрешните тестирања откриле повеќе грешки од што е прифатливо, поради што е донесена ваквата одлука.
Со оглед на тоа што има доста време до пуштањето на овие нови верзии од системите, не се очекува да има било какви доцнења или одложени нови функции.
Што се однесува до новите функции, сепак е доста рано, па се’ уште нема никакви шпекулации кои би ни кажале што можеме да очекуваме.
Apple обично ги претставува новите верзии од системите на настан во јуни, по што програмерите можат да почнат да ги тестираат, додека во јули ги пушта бета верзиите за сите корисници.
Официјалните верзии се пуштаат во септември, по настанот на кој обично се претставуваат новите iPhone модели.