Фото: Shutterstock.com

Една од причините зошто уредите од Apple се сметаат за толку посебни од страна на корисниците е колку тие добро функционираат едни со други. Префрлувањето на разговор започнат на iPhone на некој од другите уреди е нормална и едноставна работа, а Apple ја воведе пред некоја година и ја нарече Continuity.

Оваа функција кај Apple уредите овозможува повеќе можности, не само префрлување на разговорите, па корисниците можат да ја користат камерата од iPhone на друг уред, можат да копираат текст, брзо да ја споделат интернет конекцијата и слично.

Изгледа дека конечно и Google работи на една ваква функција за Android, која од тоа што сега е објавено, за почеток би овозможила префрлување на разговорите од еден на друг уред, како и споделување на интернет конекцијата.

За да може да функционира оваа функција, се што треба е различните уреди да се поврзани со истата Google сметка и да се вклучи опцијата.

Засега оваа новина не е официјално најавена од страна на Google, па не знаеме кога може да се очекува, но веруваме дека не е поврзана со пуштањето на Android 14. Од компанијата сигурно ќе ја пуштат кога истата ќе биде подготвена, а не е чудо на почеток да биде достапна во тест верзија за одредени корисници.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаЗа 10 годишнината на апликацијата, Telegram Stories станаа достапни за сите корисници
Следна статијаНовиот фонт кај Microsoft 365 апликациите ќе биде официјално променет од идниот месец
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.