Google започна со тестирање на Android 13 во февруари, па според планот кој беше објавен од компанијата, април е месецот кога треба да ја очекуваме и првата бета верзија од новата генерација од овој систем.

Android 13 Beta 1 е официјално достапна, па како што е карактеристично за овие верзии, покрај програмерите, можат да ги инсталираат и обичните корисници. Обично тоа им е достапно на корисниците на Pixel уредите, па така е случајот и сега.

Бета верзиите се важен чекор во развојот на новите верзии од оперативните систем и го претставуваат наредниот чекор кој покажува дека се ближи пуштањето на финалната верзија. Во овој случај тоа може да се очекува после јули, односно после пуштањето на стабилните верзии за тестирање во двата летни месеци.

Првата бета верзија од Android 13 ги донесува сите новини кои беа претставени претходно со Developer верзиите. Пуштени се и уште неколку новини кои во главно им прават разлика на програмерите кои ги тестираат своите апликации за да бидат сигурни дека ќе функционираат како што треба пред пуштањето на Android 13 за сите корисници.

Главните новини кои доаѓаат со Android 13, односно тие кои се претставени досега, вклучуваат барање дозвола од корисникот за прикажување на известувања од апликациите, нов начин на избор до кои слики имаат пристап апликациите, можност за промена на боите на иконите со бојата од позадината за сите апликации, не само тие од Google или производителот и уште неколку други промени поврзани со јазикот на апликациите и слично.

Може да се очекуваат уште неколку новини кои не се претставени сега, во главно поради тоа што уште е рано до пуштањето на финалната верзија, а не би било првпат да некои интересни нови функции бидат оставени за последните месеци од тестирањето.

ИЗВОРEngadge
Претходна статијаНов, голем мурал во Маврово пренесува мoќна порака за заштита на Планетата Земја
Следна статијаНајпосакуваните на врвот – Доделени наградите на Златно Тркало 2022
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.