Дека Microsoft планира унифицирање на неколкуте апликации за имејл и календар што ги има, со една нова и модерна, можевме да прочитаме уште во 2021. Новата апликација, која едноставно се нарекува Outlook, односно новиот Outlook засега, започна да се тестира минатата година, а оваа веќе е доволно развиена да корисниците можат да ја користат како главна апликација за сите нивни имејл и календар потреби.

Новата апликација може да се симне преку Microsoft Store, но најдобро е да се вклучи преку „старата“ Outlook апликација за десктоп или преку Mail и Calendar апликациите преку достапниот „преклоп“.

Оваа нова апликација ќе стане стандардна и ќе доаѓа со сите нови уреди со Windows 11, почнувајќи од 2024, на местото на сегашните Mail и Calendar апликации. Овие апликации ќе продолжат да функционираат и ќе може да се симнат преку Microsoft Store до крајот на 2024.

Новата апликација е направена на основа на веб апликацијата која до минатата година можеше да се види само на Outlook.com. Истата е со модерен код, дизајн, а овозможува и подобра безбедност. Тука се и напредните можности за пребарување на пораките, како и доста функции кои постепено се додаваат.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаМладите му велат „Бај-бај!” на сајбер-булингот и говорот на омраза на интернет
Следна статијаIntel веќе нема да ја користи „i“ ознаката кај нивните процесори и додаде нова Ultra категорија за понапредните верзии
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.