Apple буквално си забоде трн во здрава нога со објавата во која потенцираше дека намерно ги успорува постарите уреди за да компензира за стареењето на батеријата. Ваквата објава во јавноста наиде на бура, пред се негативни реакции, а самата компанија заврши на суд. Токму за таа цел, новите верзии на iOS ќе бидат малку поинакви.

Новото софтверско надополнување означено како 11.3, моментално во бета, ја вклучува новата опција наречена Battery Health. Новата опција ќе дава информации, логички, за состојбата на батеријата и ќе нуди опција за менаџирање со перформансите на уредот.
Во ставката на речена Peak Performance Capability корисникот ќе може да види колкав е капацитетот на неговата батерија, споредено со капацитетот на нова. Дополнително од тука ќе се дојде до информацијата дали оперативниот систем вовел извесни рестрикции поради неможноста батеријата да достави соодветна моќност.
Сите уреди кои ќе прејдат на користење на 11.3 (откако ќе стане достапен) во основа ќе ја имаат оневозможено функцијата софтверот да проценува дали се потребни рестрикции. Функцијата ќе стане активна доколку се случи уредот неочекувано да прекине со работа.