Фото: Shutterstock.com

Дел од стилот на iOS веќе со години, а од неодамна и од One UI на Samsung, неофицијално се најавува дека и Android ќе почне да го дели делот за известувања со брзите контроли. 

Се работи за познатиот начин на отворање на известувањата со повлекување доле на горниот лев дел од екранот, додека делот за брзи контроли и прилагодувања од горната десна страна. 

Според најновите информации, оваа промена кај Android изгледа ќе ја видиме оваа година со наредната верзија од системот, односно кај Android 17. 

Сликите од тоа како би изгледала оваа новина се објавени на Telegram, а можете да ги погледнете тука.

Од тоа што може да се види, засега корисничкиот интерфејс е ист, само е пуштена поделбата, а може да се очекуваат дополнителни промени до официјалното пуштање на истата. 

Карактеристично за Android, како и за One UI, во споредба со iOS, е што корисниците добиваат избор, па тие кои не би сакале да им бидат поделени овие два дела, можат да изберат да им се прикажуваат на „стариот“ начин, со повлекување надоле од било кој дел од горната страна на екранот.