WWDC 2023 конференцијата Apple ќе ја одржи на 5 јуни, односно од 5 до 9 јуни, но првиот ден е тој кој нас не интересира. Покрај другите најави, Apple на овој настан ќе ги претстави наредните верзии од нивните оперативни системи.
Како и секогаш, дел од уредите кои се постари нема да ја добијат најновата верзија, па сега ја имаме и неофицијалната листа на iPhone и iPad уреди кои нема да можат да бидат надградени на iOS 17, односно iPadOS 17.
Според неофицијалниот извор, уредите кои последна надградба ќе им биде iOS 16/iPadOS 16 се: iPhone 8, 8 Plus и X, како и 9,7 и 12,9 ичните iPad Pro и петтата генерација од обичниот iPad.
Од ова може да се заклучи дека уредите кои ја губат поддршката за понова верзија од оперативниот систем се пуштени во продажба во периодот од 2015 до 2017.
Ова е подолга поддршка од било кој Android конкурент, па не може ни да се очекува повеќе, а постарите уреди веќе и не би можеле баш најдобро да функционираат.
Дополнително, дел од овие уреди имаат и одредени безбедносни пропусти, па Apple веќе и сметаат дека тие корисници време е да купат понови уреди.