Тоа што започна како „Search“ копче си икона во првата верзија од Windows 11, потоа беше променето во поголемо копче во кое покрај иконата, додаден беше и текст. Функцијата на копчето остана иста, односно со притискање се отвора делот за пребарување кој во Windows 11 е посебно развиен и добива посебно внимание од Microsoft.
Доколку сте како нас и не ви се допаѓа новото копче, добро е што Microsoft ќе овозможи избор, а на тој избор додадена е и уште една форма, која можеби и изгледа најдобро, посебно за тие кои често пребаруваат нешто директно од Windows 11.
Во тест верзиите од Windows 11, наменети за програмерите, сега е достапен избор од три форми на копчето за пребарување. Првата е како што беше претходно, односно само икона која го отвора делот за пребарување, втората е како што е моментално кај сите корисници, односно икона со текст, а третата и стандардна кај тест верзиите е целосна лента за пребарување.

Оваа лента може и да се користи за директно внесување на текст, што ја прави доста попрактична, а исто така изгледа одлично. Покрај иконата и текстот, лентата на десната страна има слика која се менува од време на време.
Со оглед на тоа што оваа функција се тестира во dev каналот, не е познато кога може да се очекува за сите корисници и дали воопшто ќе биде пуштена. Сепак, веруваме дека тоа ќе се случи најдоцна до есен.