Иако Windows 10 се нарекува последната верзија од Windows, сепак тоа не значи дека било која верзија од овој систем има неограничена поддршка. Microsoft годишно има две надградби кои не се поврзани само со безбедноста на системот, надградби кои ја менуваат верзијата на Windows 10.
Секоја од овие верзии од Windows 10 имаат рок на „траење“, односно време на поддршка од 18 месеци, по што таа верзија веќе нема да добива никакви надградби, ниту безбедносни. Бизнис корисниците можат да добијат подолго време поддршка.
Втората верзија од Windows 10 за 2018 година, Windows 10 1809 веќе требаше да и истече поддршката, но истата беше продолжена поради коронавирусот до 10-ти ноември оваа година. После оваа дата корисниците веќе нема да добиваат никакви надградби на својот компјутер, со што се појавува ризикот од проблеми, нешто да не функционира, како и безбедносен ризик.
Поради тоа, Microsoft ќе почне со постепено пуштање на надградбата на овие корисници, без разлика дали тие ќе изберат на најновата верзија од Windows 10, а таа е 2004 која беше официјално пуштена минатиот месец.
Единствен начин да не се добие надградбата е со блокирање на надградбите кои официјално може да се направат со одреден рок, но има начини кои ги користат корисниците да ги блокираат целосно.
Ние сепак препорачуваме да секогаш ја користите најновата верзија од Windows 10. Доколку сте имале лошо искуство со одредени „драјвери“ и слично, можете да почекате да ја инсталирате во последната група, односно после месец до два, но никако не препорачуваме да чекате повеќе од година дена.