skype-logo-open-graph

Уште при презентирањето на првите информации за Windows 10 на мобилните телефони, Microsoft најави дека планира промена на начинот на користење на Skype за корисниците на оваа платформа.

Се најави интегрирање на Skype во апликацијата за пораки, односно апликацијата за SMS и MMS пораки со цел добивање на едноставно и интегрирано решение кога е во прашање комуникацијата на корисниците.

Апликацијата според најавите ќе биде достапна и на Windows 10 за компјутерите, па корисниците ќе добијат можност да ги прегледуваат своите SMS пораки, не само на нивните телефони.

Ваквото решение слободно може да се каже дека иде во правецот на тоа што се нуди на другите платформи, односно на iOS и Android.

Вчера излезе линк од оваа нова апликација која што во бета верзија е достапна во продавницата за апликации. Од Microsoft се’ уште официјално ја немаат претставено, но тоа се очекува да се случи оваа недела, за кога се очекува и нова верзија (build) од Windows 10 Mobile за Insider корисниците.

Апликацијата е наречена Messaging Skype Beta и можат да ја симнат корисниците на Windows 10 Mobile. Се разбира како и секоја бета апликација, а во случајот и на бета оперативен систем, доаѓа со одредени багови, па можно е да забележите проблеми со нејзината работа, како и работата на остатокот од системот. Исто така, до нејзиното официјално пуштање се очекува додавање на дополнителни функции.

skype-messaging1
Фото: Windows Central

Инаку, апликацијата во основа изгледа исто како најновата верзија од Messaging апликацијата. Разликата е што во неа е додадена интеграцијата со Skype, па при користење може да се избира на кој начин да биде испратена пораката, преку SMS или преку Skype. Промената може да се прави пред испраќање на секоја порака, што значи дека корисниците добиваат можност за интегрирање на овие разговори на едно место.

Фото: Windows Central
Фото: Windows Central

При инсталирање на апликацијата се инсталира уште една апликација наречена Skype Video Preview. Оваа апликација по примерот на основната, се интегрира во Phone апликацијата од телефонот и овозможува правење на видео повици директно од контакт листата, а се разбира преку системот на Skype.

Ќе причекаме оваа недела Microsoft да излезе со повеќе информации околу оваа апликација и нејзината интеграција со оперативниот систем, па ќе можеме да објавиме повеќе информации.

Исто така, не интересира дали посебната Skype апликација ќе биде развивана независно, односно дали корисниците кои што не сакаат интеграција со SMS пораките, можат да очекуваат подобрено Skype искуство од постојната апликација.

Messaging Skype Beta можете да ја симнете од продавницата за апликации, односно преку следниот линк.

Извор: Windows Central

Претходна статијаLenovo Yoga Pad 3 е таблет со ротирачки проектор
Следна статијаШемите за заклучување на Android се едноставни и предвидливи како и лозинките
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.