Фото: Microsoft

Во текот на вчерашниот ден Microsoft ја пушти надградбата за Windows 11 која ја носи ознаката KB5077241 и е достапна за 25H2 и 24H2 верзиите од системот. Оваа надградба е во категоријата на Preview, што значи дека за корисниците е изборна, а повеќето ќе ја добијат со стандардната месечна надградба која се пушта во втората недела од месецот во вторник. 

Истата донесува подобрувања на перформансите, нешто што му е доста потребно на Windows 11 и добро е што гледаме ваква надградба, а не стандардно која вклучува нови ВИ функции. 

Како дел од подобрувањето на перформансите, Windows 11 со оваа надградба треба доста побрзо да се „буди“, односно да се вклучува кога е поставен во „sleep“ режимот. 

Перформансите треба да се подобрени и кај дел од останатите делови од системот, па такво нешто може да се очекува и кај Settings апликацијата, долната лента и најавувањето на системот. 

Со оваа надградба Microsoft ја донесува и интеграцијата на Sysmon алатката директно во Windows 11, нешто што треба да биде доста популарно и добредојдено кај систем администраторите. 

Корисниците исто така ја добиваат претходно најавената можност за тестирање на брзината на интернет конекцијата директно преку долната лента, односно „таскбарот“.