Со пуштањето на најновата тест верзија од Windows 11, Microsoft објави и листа со командите кои може да му се зададат на Copilot, а додаде и неколку нови кои не беа досега достапни.

Објавата на листата е корисна информација за корисниците и тие сега ќе знаат што се’ можат да направат со помош на вештачката интелигенција која се повеќе е интегрирана во нивниот компјутер.

На листата на досега достапни команди се можноста да се побара:

  • Вклучување и исклучување на темната и светлата тема
  • Вклучување на Bluetooth
  • Вклучување на „do not disturb“
  • Додавање на уред
  • Правење слика од екранот
  • Поврзување со друг монитор
  • Промена на позадината
  • Промена на звукот
  • Вклучување на апликација
  • Помош со истакнување кој дел од системот на функционира
  • Поставување на прозор на одредена страна на екранот
  • Започнување на Focus сесија

На оваа листа се додаваат нови команди кои на корисниците ќе им станат достапни во иднина, а тие вклучуваат можност да се побара:

  • Достапни Wi-Fi мрежи
  • Информација за системот или уред
  • Информација за батеријата
  • Да се „исчисти“ просторот за податоци
  • Да се испразни „корпата“
  • Да се вклучи режимот за заштеда на батеријата
  • Да се прикажат апликациите кои се вклучуваат со компјутерот
  • Да се прикаже IP адресата
  • Информации за системот, уред или просторот за податоци.
  • Да се вклучи нарација
  • Да се отворат гласовните команди
  • Да се вклучи „лупата“
  • Да се промени големината на текст
  • Да се вклучат титлови
  • Да се вклучи режим со висок контраст
  • Да се започне со гласовно куцање

Новите можности на Copilot изгледа ќе станат дел од наредната поголема надградба на Windows, за која дознавме дека сепак нема да биде наречена Windows 12.