По долго време на активно развивање и наметнување на нови функции секаде каде што е можно, Microsoft најави мала пауза на пуштањето на новини кај нивниот Copilot во Windows 11.

Ова е резултат на мислењата од корисниците кои ги добиваат од компанијата и тие истакнаа дека ќе го подобрат корисничкото искуство врз основа на нив. Во меѓувреме, Copilot ќе продолжи да функционира во Windows 11 како што беше и досега.

Дел од новините кои ги тестираат од компанијата вклучуваат такви како можност за вклучување на Copilot како посебна апликација, а не само како лента која се појавува од страна, како и анимација на иконата кога корисникот ќе ископира нешто, на пример.

Планот да се забави малку со пуштањето на новини кај Copilot Microsoft го најави со пуштањето на најновата бета верзија од Windows 11 минатата недела.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаДенеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“
Следна статијаBitwarden ја донесе својата поддршка за „passkeys“ кај нивните мобилни апликации
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.