Според извори на Windows Central, Microsoft работи на воведување на можноста корисниците да ги постават „виџетите“, моментално достапни само во посебен дел за тоа, на десктопот.

Вакво нешто не би било првпат достапно кај Windows, а доста од вас сигурно ги паметат познатите и доста користени „геџети“ во Windows 7.

Овие мали информативни картички, така да ги наречеме, повторно се вратија во Windows со Windows 11, но достапни се само во посебниот дел „Widgets“, каде покрај виџетите, достапни се картички со најновите вести.

Се претпоставува дека истите овие виџети ќе можат да се прикачат и на десктопот, односно дека нема да биде потребна изработка на нови и посебни виџети од сегашните.

На овој начин виџетите многу почесто би се користеле, а ќе може да се очекува зголемување на нивната популарност и со тоа и достапност на многу повеќе виџети од сега.

Изборот моментално не може да се каже дека е баш најдобар. Покрај неколку виџети од Microsot, достапни се и неколку како тие од Messenger и Spotify.

Повеќе информации поврзани со оваа тема, како и повеќе од Microsoft, очекуваме при крајот на овој месец за време на Microsoft Build 2023.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаwatchOS 10 ќе донесе „виџети“ кај Apple Watch
Следна статијаMicrosoft тестира неколку добри новини во најновата Dev верзија од Windows 11
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.