Најновата „опционална“ надградба на Windows 11, која за сите корисници ќе биде достапна идниот месец, со себе донесува нешто што одамна веќе се очекува. Microsoft ќе почне да прикажува реклами преку Старт менито, а тие ќе бидат во форма на препорачани апликации.
Сепак, треба да сме среќни што не се работи за класични реклами кои сериозно би го нарушиле корисничкото искуство, па истите само ќе бидат тука да им откријат на корисниците апликации кои ги немаат инсталирано.
Покрај ова, во Старт менито ќе почнат да се прикажуваат апликациите кои корисникот почесто ги користи, а не се прикачени во менито. Оваа новина доаѓа и заедно со препорачаните апликации, па тие треба да се прикажуваат на истото место.
За разлика од рекламите, втората новина сепак е доста корисна, па корисниците ќе имаат брз пристап до апликациите кои ги користат, а сепак не им се планирани за прикачување во преден план.
Добрата вест е што препорачаните апликации, односно рекламите, ќе можат да бидат исклучени преку Settings, па нема на корисниците да им бидат до тој степен наметнати.