Со претставувањето на Windows 11 Insider Preview Build 23615 од Dev каналот, Microsoft ни открија една работа која ја тестираат, а која слободно можеме да ја припишеме во категоријата на типични за компанијата.
Типични од аспект на тоа дека повторно тие ќе „наметнат“ нешто на корисниците, па тие ќе мора истото да го исклучуваат преку прилагодувањата, а се со правец да тие се мотивираат да почесто ја користат апликацијата или сервисот.
Во овој случај се работи за Copilot, односно од компанијата тестираат автоматско вклучување на Copilot секогаш кога се стартува Windows 11. Ова секако ќе може да се исклучи, но корисниците повторно ќе мора да исклучуваат работи кои не ги ни барале.

Ваквата „автоматизација“ би функционирала само на поголемите екрани, односно тие кои се со најмалку 27 инчи и резолуција во ширината од 1920 пиксели. Ова има логика со оглед на слободниот простор кој го овозможуваат овие екрани, па вклучувањето на Copilot не би делувало до толку како нешто наметнато и нешто што пречи.
Сепак, се работи за тест функција која може никогаш да не стане дел од официјалните верзии за сите корисници, па ќе видиме што ќе испадне.