Најновата бета верзија од Windows 11 донесува неколку мали новини кои се добредојдени и прават голема разлика за генералното корисничко искуство на оперативниот систем. Како што често е коментарот, ова се можности кои требаше да бидат достапни од самиот почеток, а посебно кога ќе се земе во предвид колку мали ситници се во прашање. 

Една од овие мали, но важни новини е можноста за пренесување на апликациите кои се прикачени на Старт менито на долната лента од системот. Ова досега беше можно само од листата на сите апликации. 

Оваа листа, односно листата со сите апликации добива редизајн, а мора да се признае дека сегашниот изглед делува многу застарен, посебно во новото Старт мени каде овој дел од поширок.

Апликациите сега се прикажуваат како икони, наместо како обична листа, што остава многу помодерен впечаток, а и полесно може да се најде тоа што се бара. 

Во овој дел сега може да се прикажуваат и папки, односно папките досега не беа достапни во новиот и помодерен дизајн на листата со сите апликации. Отворањето на папките дури има и добра анимација, нешто што секако е важно. 

Долната лента, односно „таскбарот“ изгледа ќе добие можност да се поедностави до одреден степен, па корисниците ќе можат да изберат да се тргне иконата за нови известувања, како и да се прикажува само часовникот без датата. 

Добро е да се види Microsoft дека размислува и за вакви мали работи кај Windows 11, а не само на новите Copilot функции.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаApple Intelligence функциите постепено ќе бидат пуштани до идната година
Следна статијаFirefox доби заштита за пристапот до зачуваните лозинки во прелистувачот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.