Blackberry-Logo

Иако со големи проблеми во работењето и губење на голем дел од пазарот, BlackBerry сеуште работи на развојот на својот оперативен систем и се очекува да претстави нова верзија која што се очекува да донесе значителни промени. Промени се очекуваат и во корисничкиот интерејс, што може да се види од сликите кои што сепак не се потврдени. Сликите се screenshot-ови од новата верзија на оперативниот систем, BlackBerry 10.3 и доаѓаат од Z10 моделот.

Од нив може да се видат следните промени:

  • Тргната е коцката која што беше поставена околу иконите на секоја апликација
  • Воведен е персонален асистент, како Siri од Apple
  • Нова тастатура и бои
  • Исклучување на екранот во ситуации кога уредот е свртен обратно на неговиот екран или е ставен во џебот на корисникот
  • Нови функции на камерата како, тајмер за сликање, сликање на панорамски слики, можност за снимање на видеа во 720p резолуција со 30 и 60 fps
  • Паметно пребарување
  • Промени во дизајнот на player-от на музика
  • Промена во дизајнот на копчињата и контролите
  • Подобрување на перформансите

Во продолжение можете да ги погледнете сликите.

Извор: ZonaBlackBerry