Wear OS, изменетата верзија на Android наменета за паметните часовници, во својата најнова верзија ќе почне да ги потсетува своите корисници да ги мијат рацете. Известувањето ќе се случува на секои три часа, а целта е да корисниците се навикнат да ги мијат рацете што повеќе и со тоа да ја намалат шансата од добивање на COVID-19.
По добивањето на известувањето, корисниците ќе можат да започнат „тајмер“ од 40 секунди којшто ќе треба да биде еден вид на гаранција дека миењето ќе биде најмалку 20 секунди, колку што се препорачува за детално чистење.
Покрај тоа, корисниците ќе им биде кажано да користат сапун, за да не мислат дека истата работа ќе можат да ја завршат само со користење на гел за дезинфекција или нешто слично.
Ова известување корисниците ќе можат да го исклучат, односно нема да продолжи да им се прикажува на тие кои не сакаат.
