Фото: Samsung

Скопје, 24 март 2025 г. – Samsung Electronics најави дека официјалното воведување на One UI 7 ќе започне на 7 април, претставувајќи храбар нов дизајн за поголема персонализација и контрола на корисничкото искуство. One UI 7 претставува нов интерфејс осмислен за вештачка интелигенција (AI), кој им помага на корисниците да комуницираат со нивните Galaxy уреди поприродно од кога било порано. Ажурирањето прво ќе биде достапно за серијата Galaxy S24 и моделите Galaxy Z Fold6 и Z Flip6, по што постепено ќе стане достапно и за повеќе Galaxy паметни телефони и таблети.

Храбар нов дизајн за поголема персонализација

One UI 7 доаѓа со едноставен, впечатлив и емотивен дизајн, нудејќи им на корисниците на Galaxy уредите едноставно и усогласено корисничко искуство. Поедноставениот почетен екран, редизајнираните One UI виџети и екранот за заклучување им овозможуваат на корисниците интуитивно и лесно да ги прилагодуваат своите уреди.

За дополнителна удобност, функцијата Now Bar обезбедува најнови податоци во реално време директно на екранот за заклучување. Така, додека корисниците се на утринско трчање, тие можат едноставно да ја проверат својата моментална активност или да видат која песна ја слушаат на нивните Galaxy Buds – сето тоа со едноставно повлекување со прстот, без отклучување на телефонот.

Паметни AI-функции за поинтуитивно искуство

One UI 7 носи напредни функции базирани на AI, кои им помагаат на корисниците да бидат попродуктивни и покреативни во секојдневната употреба.

Со Galaxy AI, корисниците можат да ги поедностават секојдневните задачи, минимизирајќи ја потребата од префрлање помеѓу апликации. Функцијата AI Select интуитивно препорачува содржини според контекстот. На пример, корисникот може едноставно да повлече со прстот преку Edge панелот и да кликне на иконата „AI Select“ додека гледа видео, за да го зачува како GIF-датотека. Функцијата Помош при пишување (Writing Assist) пак овозможува корисниците лесно да сумираат или автоматски да форматираат содржини во кои текстот може да биде избран.

One UI 7 овозможува и едноставно уредување што им дава поголема креативна контрола и слобода на корисниците. Функцијата Помош при цртање (Drawing Assist) помага идеите полесно да се реализираат на повеќе различни начини на внесување содржина, вклучително комбинации од текстуални инструкции, слики или скици. Функцијата Audio Eraser пак го прави напредното уредување достапно за сите, овозможувајќи изолација на одредени категории на звуци и лесно отстранување на несакана бучава од видеата.

Со подлабоката интеграција на Google Gemini, контролата на уредот станува лесна како разговор со пријател. Доволно е само подолго да го држите страничното копче и да кажете: „Најди ми во близина италијански ресторани со надворешна тераса кои дозволуваат домашни миленици.“ Gemini веднаш ќе понуди препораки во една беспрекорна интеракција.

Функцијата за природно пребарување на говор се проширува и во Поставките (Settings), овозможувајќи едноставно прилагодување на преференциите. Корисниците може само да ги отворат поставките и да кажат „Очите ми се уморни,“ по што веднаш ќе добијат препораки како прилагодување на осветленоста или вклучување на функцијата Eye comfort shield.

Достапност

One UI 7 официјално ќе се воведе од 7 април, а во наредните недели ќе стане достапно на повеќе Galaxy паметни телефони и таблети, вклучувајќи ја серијата Galaxy S24, Galaxy S24 FE, серијата Galaxy S23, Galaxy S23 FE, Galaxy Z Fold6 и Z Flip6, Galaxy Z Fold5 и Z Flip5, како и сериите таблети Galaxy Tab S10 и Galaxy Tab S9.

За повеќе информации, посетете ги страниците: Samsung NewsroomSamsungmobilepress.com and Samsung.com.

Претходна статијаSamsung ја претстави иднината на поврзаниот живот овозможен од вештачката интелигенција на World of Samsung 2025
Следна статијаПретставувањето на Alexa+ донесе очекувано намалување на приватноста на корисниците