На крајот од јуни можевме да прочитаме дека Samsung оваа година планира да ја пушти надградбата на One UI направена на наредната верзија од Android уште порано. Соодветно на тоа, бета верзија од One UI беше најавена дека ќе биде пуштена доста порано од минатата година, па One UI 5.0 бета верзија беше најавена за третата недела од јули.

Можеби оваа најава не се оствари точно, но сепак Samsung ја пушта новата верзија од One UI цел месец порано од минатата година, со што може да се очекува и порано пуштање на финалната, односно заедно со официјалното пуштање на Android 13 некаде во октомври.

One UI 5.0 е верзијата од корисничкиот интерфејс, кој Samsung го става над Android, која е направена на Android 13. Бета верзија од вчера им е достапна на корисниците, но истата како и обично е ограничена на неколку земји и уреди.

Корисниците на Samsung во САД, Германија и Јужна Кореа кои имаат некои од уредите од Galaxy S22 серијата, ќе можат да ја инсталираат бета верзијата и да ги пробаат новините неколку месеци порано од останатите корисници.

За разлика од некои претходни надградби, сепак не треба нешто посебно многу да се очекува од One UI 5.0, односно од Android 13.

Изгледот, односно корисничкиот интерфејс останува во главно ист, а достапни се неколку новини како дополнителни бои кои се добиени од позадината, можност за менување на бојата на иконите, сега на сите апликации, давање дозвола на апликациите за испраќање на известувања, проверка на приватноста преку нов дел и слично.

Ова се новините кои се дел од Android 13, па Samsung соодветно ги интегрира во новата верзија од нивниот One UI.  

Од компанијата најавуваат дека во месеците што следат бета верзија ќе биде пуштена во повеќе земји и за повеќе модели, но досега истата на била достапна во нашата земја, па ќе видиме овој пат.

ИЗВОРSamsung
Претходна статијаПреземете ја контролата над вашиот бизнис со Telekom MK апликацијата за деловни корисници
Следна статијаNetflix Games ги играат помалку од 1% од претплатниците на сервисот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.