Во рамките на Google I/O 2024 оваа недела, конференција која очекувано е во главно насочена кон вештачката интелигенција, беше најавена и наредната верзија од Wear OS, оперативниот систем на којшто работат паметните часовници.
Wear OS 5 уште сега е достапен за програмерите, а останатите корисници можат да ја очекуваат надградбата подоцна во годината, секако доколку нивниот часовник ја поддржува.
Од Google најавија дека минатата година бројот на корисници на Wear OS се има зголемено за 40%, а покрај нивните часовници и тие од Samsung, сега системот може да се најде и на часовниците од OnePlus, Oppo и Xiaomi.
Новините кои доаѓаат со наредната верзија, Wear OS 5, сигурно ќе привлечат уште нови корисници, а дефинитивно ќе го подобри корисничкото искуство на постојните.
Една од главните новини која е најавена е подобрувањето на перформансите при мерење на вежбањето, односно оваа активност ќе троши 20% помалку од досега. Од Google пример даваат со мерење на трчање, но намалувањето на потрошувачката е за сите видови на вежби.

Со Wear OS 4 Google ја претстави платформата Watch Face Format на основа на која сега ја надоградува работата. Корисниците можат да очекуваат нови видови на „ликови на часовникот“, а се воведуваат и таканаречени „вкусови“ со кои корисниците ќе можат да бираат бои и информации кои се прикажуваат.
Една од работите која ја добива Wear OS 5, а е доста барана од корисниците е можноста да се прикажуваат информации за временската прогноза, па ова станува дел од Watch Face Format.
Повеќе нови часовници се очекуваат оваа година со Wear OS, па подобрувањата на системот ќе ги направи дефинитивно вредни за користење.