Фото: Microsoft

Од 28 мај Windows 10 официјално ја доби својата најнова верзија, 2004, која го носи името May 2020 Update. Истата после период на стандардно тестирање преку Windows Insider програмата им стана достапна на сите корисници, за малку пред од Microsoft да треба да ја наречат Junе 2020 Update.

Новите надградби Microsoft ги пушта со помош на вештачката интелигенција, со цел да се минимизира бројот на проблематични надградби кои потоа корисникот треба да ги откаже, односно да го врати Windows 10 на претходната верзија.

Поради откриените уреди кои потенцијално може да имаат проблем со новата верзија од Windows 10, како што се на пример некомпатибилни „драјвери“, оперативниот систем сега ќе ги известува корисниците дека спаѓаат во оваа група, па Windows не може да им ја пушти најновата верзија.

Windows Latest

Новина е известувањето кое ќе го добијат корисниците доколку притиснат самите на „Check for Updates“ копчето, па наместо само да добијат информација дека Windows 10 е на најновата верзија, тие сега ќе знаат дека за нив не може да биде пуштена надградбата која е достапна.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Windows Latest
Претходна статијаБиди дел од The Cool School
Следна статијаНајновата листа на безбедносни апликации од AV-TEST за април 2020
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.