Dove_Display_Catalog_Frt_Open_with_Falcon_HR_v1_8bit-e1456010608705-980x573

Со претставувањето на Windows Hello, Microsoft овозможи поддршка за разни видови на биометриска автентикација во Windows 10, меѓу кои и за скенери за отпечатоци на прсти. Оваа поддршка сепак беше достапна само на компјутерите, а на мобилната верзија од оперативниот систем Windows Hello донесе само поддршка за скенирање на зеницата на окото.

Со оглед на тоа колку станаа популарни ваквите скенери, а посебно тие што нудат брзо отклучување на телефонот, скенерот на зеницата на Lumia 950 не е баш најбрз, очекувано беше дека поддршката за овие скенери ќе биде овозможено и на Windows 10 Mobile.

Преку презентација на WinHEC конференцијата од Microsoft потврдија дека поддршката за скенерите за отпечатоци на прсти ќе биде вклучена во надградбата на Windows 10 Mobile која ќе стане достапна од ова лето.

Се работи за Anniversary надградбата која ќе биде достапна и за мобилните и за десктоп компјутерите.

Еден од првите телефони кои ќе ја искористи оваа поддршка е одличниот Elite x3 од HP.

Извор: The Verge, Windows Central, MSPU

Претходна статијаHonor V8 е нов телефон на Huawei со две камери и моќни компоненти
Следна статијаHyperloop со прв јавен тест
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.