Исклучувањето на апликациите кои се закочени е познат процес за кој потребно е да се отвори Task Manager апликацијата, да се најде процесот од закочената апликација и истиот да се исклучи. 

Ова секако е едноставна работа, но од оваа година Windows 11 има уште поедноставен и побрз начин да се направи ова, нешто што одамна е достапно на доста од конкурентните системи. 

Секоја вклучена апликација може да има „End Task“ копче, односно опција во менито кое се појавува со притискање со десното копче на глувчето врз апликацијата на долната лента. 

Оваа можност може да се вклучи преку Settings > Advanced, а се наоѓа на првото место, во делот Taskbar. Истата е наречена „End Task – Enable end task in taskbar by right click“ и за доста корисници можно е да е исклучена. 

Со вклучување на оваа функција, доколку некоја апликација се закочи, сега се што треба е да притиснете на End Task копчето, по што истата ќе биде исклучена.