Фото: Shutterstock.com

Во најновата Insider Preview верзија од Canary каналот од Windows 11, Microsoft најави мала промена која влегува во категоријата на промени кои требало да бидат направени одамна. 

Од компанијата го зголемија ограничувањето на големината на дисковите, односно „партициите“ кои се форматираат во FAT32 системот за датотеки. Ова ограничување одамна е поставено на 32GB, па сега истото се зголемува на 2TB. 

За жал, оваа новина е достапна само кога се користи „format“ командата преку командна линија, но не и преку апликацијата во Windows 11 наменета за менаџирање на дисковите и партициите. 

Тоа значи дека оваа новина сепак е направена за нешто поспособните корисниците, а мислам и дека генерално форматирањето на дискови е активност која бара одредено минимално знаење. 

FAT32 како систем за датотеки е доста стар, па Windows веќе одамна функционира на NTFS. FAT32 системот е тука и е добар за компатибилност со други системи, па обично се користи кога некој диск се планира да се приклучи на друг компјутер со Linux, на пример. 

ИЗВОРBleeping Compiter
Претходна статијаGoogle ги тргна условите за „фалење“ на нивните Pixel уреди од програмата наменета за промоција на уредите преку „инфлуенсерите“ 
Следна статијаВкусни хитови во август: Гастро авантури на Pickbox NOW
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.