Прозорот кој се појавува при инсталација на Windows 11, конечно добива редизајн, иако не се работи за некоја драстична промена. Сепак, дизајнот кој постои уште од Windows 8 е типичен пример за неконзистентноста на Microsoft кога се во прашање елементите на корисничкиот интерфејс во Windows 11.

Иако овој оперативен систем доби доста голем редизајн, сепак голем дел од елементите се останати, дел од нив уште од пред 20 години. Microsoft дури успеа да го направи неконзистентен изгледот на темната тема, а критиките не беа ретки.

Новиот изглед на Windows 11 Setup конечно се ослободува од виолетовата позадина, па сега работите се поставени на бела позадина. Направена е и мала реорганизација на поставени прилагодувања, па иако се работи за мала промена, сепак е добредојдена.

Оваа промена моментално се тестира во Canary каналот од Windows 11, што значи дека има време до официјалното пуштање, а тоа изгледа ќе се случи со наредната поголема надградба за оваа година.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаСе гаси 3G технологијата којашто ја донесе интернет ерата
Следна статијаShazam сега овозможува препознавање на песни од апликации додека корисникот носи слушалки
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.