173429d1314981906-desktop-background-change-img0

Веќе се дигна многу прашина за тоа како Windows 10 ги третира корисниците, односно начинот на кој ги испраќа информациите на Microsoft, од кои многу се лични. Поради ова, многу корисници се уште не се префрлаат на најновиот оперативен систем на Microsoft, но тоа веќе веројатно и не треба да биде причина, бидејќи според некои информации, новите надградби за 7 и 8.1 исто така ги шпионираат корисниците.

Имено, надградбата со број 3022345, инсталира нов програмски сервис, наречен Diagnostics Tracking Device. Овој софтвер овозможува подобра дијагностика на проблемите кои се јавуваат во оперативниот систем и е со цел да му помогне на корисникот. Сепак, заедно со Application Insights сервисот, им овозможува пристап и на други апликации, кои можат да собираат податоци за секаков тип на проблеми и да ги пратат до Microsoft.

Вака кажано, сето ова делува дека му помага на корисникот, но проблемот е што со надградбата 3075249, оперативниот систем ги менува и “User Account Control” правилата и му овозможува собирање на многу повеќе податоци. И најлошо од се, корисникот нема контрола на тоа кои работи се праќаат на Microsoft, што е истиот проблем со кој се соочуваат корисниците на Windows 10.

Од друга страна, Windows 7 и 8.1 немаат Cortana, односно немаат вистинска потреба од собирањето на приватни податоци за корисникот, барем од гледна точка на пуштање подобри информации за него. Сепак, останува главниот проблем, а тоа е дека корисникот нема никаква контрола на тоа кои информации ќе му бидат искористени, што е она што загрижува и во Windows 10.

Решение засега нема, барем во Windows сферата. Најбезбеден оперативен систем се чини ќе биде некоја дистрибуција на Linux, но за сите оние кои сакаат да пробаат, предупредување дека нема толку програми и апликации како во Windows или Mac OS X.

Извор: ARS Technica

Претходна статијаStartQube официјално започна вчера, ветува возбудлив настан
Следна статијаWindows 10 ги надмина Vista и 8 на пазарот