Во тест верзиите на Windows 11 достапна е нова можност која на корисниците ќе им овозможи едноставно и брзо префрлување на датотеки помеѓу нивниот компјутер и Android телефон.
Ова секако и сега е можно, но не на вака едноставен и брз начин, односно не на начинот карактеристичен за Apple производите преку AirDrop функцијата.
Една од поголемите предности на користење повеќе Apple производи е ваквата интеграција помеѓу нив, па добро е што гледаме дека конечно вакво нешто почнуваат да добиваат и корисниците на Windows и Android.
Со оглед дека се работи за тест верзија од Windows 11, корисниците можат наскоро да ја очекуваат и за нив, односно верувам дека ќе оваа новина ќе биде дел од есенската надградба на системот.
Покрај за Windows 11, оваа можност ќе им биде достапна и на корисниците на Windows 10, а тоа е очекувано со оглед на тоа што истата функционира преку Phone Link апликацијата.
Корисниците се што ќе треба да направат е да изберат да ја споделат датотеката која сакаат, па потоа да изберат Phone Link на нивниот компјутер или Link to Windows на нивниот телефон. По изборот на уредот каде што би сакале да биде испратена датотеката, истата ќе биде достапна на тој уред.
Брзо и едноставно исто како AirDrop, па останува само да видиме дали и практично истата ќе функционира добро како кај конкурентот.