anniversary-update-official

Мали беа шансите дека Windows Insider програмата нема да продолжи, но добро е кога има официјална информација, па корисниците може да бидат мирни.

Голем дел од корисниците не сакаат да чекаат додека новите функции и подобрување на Windows 10 бидат пуштени во официјалната верзија од оперативниот систем, па користењето на системот преку програмата е одличен начин за порано добивање на новите верзии.

Се разбира, голем дел од овие корисници се постручни, па значително помагаат во процесот на откривање на багови и други грешки во кодот, а сите корисници заедно покажуваат кои функции се барани или недоволно развиени.

Потврдата дека Windows Insider програмата доаѓа директно од нејзиниот главен човек, Дона Саркар која како одговор на прашање на Twitter ја потврди информацијата.

Таа истакнува дека програмата досега функционирала прилично одлично, па дефинитивно ќе продолжат да ги развиваат и пуштаат Preview верзиите од оперативниот систем и после надградбата.

Инаку, Anniversary Update ќе стане достапна за корисниците на Windows 10 од 2-ри август. Истата донесува повеќе подобрувања како екстензии за Edge, подобрен систем за работа со е-пенкалца и повеќе.

Извор: WinBeta, TechRadar

Претходна статијаВодич за купување на телефон – дел 2 – евтини и квалитетни
Следна статијаFacebook започна со тестирање на енкриптирани пораки во Messenger
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.