ubuntu-logo-2

Ubuntu 15.04 беше претставен во април минатата година, а на 4-ти овој месец му заврши официјалната поддршка од страна на Canonical. Тоа значи дека оваа верзија од Ubuntu веќе нема да добива безбедносни надградби, исправки, како и нови верзии од Ubuntu архивите.

Начинот на којшто функционираат верзиите на Ubuntu, односно времето во коешто им следува поддршка и надградби е поделен на два вида. Долгорочна поддршка (LTS) за којашто следува поддршка од 5 години и стандардна поддршка којашто трае 9 месеци.

Тоа значи дека корисниците коишто сепак не ја користат некоја од уште поддржаните долгорочни верзии од Ubuntu, односно Ubuntu 12.04 и Ubuntu 14.04, препорачано е да ја инсталираат најновата достапна верзија од оперативниот систем.

Најновата верзија е Ubuntu 15.10 и оваа верзија ќе биде поддржана до 22-ри јули оваа година.

Достапните LTS верзии ќе бидат поддржани до 26-ти април 2017 година за 12.04 верзијата и до 17-ти април 2019 година за 14.04 верзија.

Надградбата од Ubuntu 15.04 на 15.10 е нешто што го препорачуваат и од Canonical, а начинот тоа да се направи е преку вградениот систем за надградби.

Извор: OMGUbuntu

Претходна статијаСлавната Металика во Милијарди
Следна статијаДобијте 2 GB бесплатен простор на Google Drive со проверка на безбедноста на вашата сметка
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.