Apple вчера го одржа својот настан кој го најави минатата недела. Како што беше веќе и јасно, на овој настан не беа преставени новите iPhone 12, кои се малку одложени поради корона кризата, па на настанот беа претставени нови паметни часовници, како и нови iPad модели.

Еден од производите кои беа претставени, а сигурно ќе привлече повеќе внимание, е Apple Watch SE. Ова е поевтина верзија од Apple Watch, нешто што сигурно недостасуваше со оглед на популарноста и успехот на паметните часовници од Apple и високата цена во споредба со поголемиот дел од конкуренцијата.

Apple Watch SE очекувано нема да дојде со најновите компоненти од Apple, но сепак дел од нив ќе ги има. Од Apple споредбата за тоа колку е подобар овој часовник ја прават со Watch Series 3, па со тоа може да се добие претстава во која категорија може да се стави овој часовник.

Тоа што се истакнува од функциите е поголемиот екран на кој може да се видат повеќе информации кој е во категоријата Retina, а исто така Apple Watch SE ги добива новите сензори како акцелерометарот, жироскопот и секогаш вклучениот сензор за висина од Apple Watch 6.

Ќе може да се познае дека се работи за поевтиниот модел само по недостатокот на дел од здравствените функции кои ги има доста во шестата генерација, како и по послабиот S5 чипсет.

Што се однесува до изгледот и квалитетот на Apple Watch SE, корисниците го добиваат квалитетот и стилот на Apple, а сигурно на прв поглед нема баш да може да се познат кој модел се носи.

Apple кај овој модел ги истакнува посебно функциите како секогаш вклучениот сензор за висина, како и новите функции со WatchOS 7 како детектирањето на силни звуци, потсетникот за миење на рацете, можноста за известување во случај на пад на корисникот, како и функциите за семејството кои овозможуваат користење на часовникот од страна на децата или постарите без потреба од поседување на iPhone.

Почетната цена на Apple Watch SE ќе изнесува 279 долари, додека цената за моделот со мобилна конекција ќе биде 329 долари. За споредба, посилниот модел се продава со почетна цена од околу 400 долари.

ИЗВОРApple
Претходна статијаРСБСП со порака: Иднината на одржливата мобилност е во твои раце – Вози Велосипед
Следна статијаApple Watch Series 6 доаѓа со сензор за кислород во крвта, подобри перформанси и поголем избор на бои и ременчиња
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.