На вчерашниот септемвриски настан од Apple, кој годинава поради коронавирусот не беше наменет за претставување на нова генерација од iPhone, од компанијата го претставија Apple Watch Series 6.

Иако Apple вчера го претстави и првиот поевтин модел од Apple Watch, сепак за напредните корисници, Apple Watch Series 6 е тој кој повторно ќе го привлече вниманието.

Apple Watch Series 6 доаѓа со нова S6 генерација на чипсет, а од компанијата најавуваат подобрување на перформансите од 20% во споредба со претходната верзија, што ќе значи побрзо отворање на апликациите и извршување на сите функции.

Шестата генерација од Apple Watch исто така доаѓа со поголем избор на бои и ременчиња, па корисниците ќе имаат повеќе за мислење при изборот на својот модел. Тука се исто така новините кои доаѓаат со WatchOS 7, како и секогаш вклучениот сензор за висина кој го има и кај новиот Apple Watch SE.

Главната новина кај Apple Watch Series 6 е повторно поврзана со здравствените функции, нешто по кое и стана познат часовникот од Apple. Новата функција овозможува мерење на кислородот во крвта, а иако Apple уште претходно го почна развојот, ваква функција доби посебно на популарност по почетокот на COVID-19 болеста.

Од Apple истакнуваат дека ќе работат со повеќе институции за истражување на можноста да се користи часовникот во откривање и следење на одредени здравствени проблеми, како што е астмата, а исто така се најавува можноста за порано откривање на COVID-19.

Причината поради која кислородот во крвта е фактор кај COVID-19 е поради тоа што ова заболување сепак се води во основа како белодробно заболување, односно кое најчесто има ефект на белите дробови. Еден од ефектите на болеста е намалениот капацитет на работа на белите дробови, поради што организмот не може да го добие потребното ниво на кислород.

Apple Watch Series 6 ќе се продава по цена од 399 долари, односно 499 долари за моделот со мобилна конекција.

ИЗВОРApple
Претходна статијаApple ја претстави првата поевтина верзија од Apple Watch
Следна статијаFAVORIT – Добар квалитет и цена се идеална комбинација за успешен бизнис
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.