DuckDuckGo ја пуштија бета верзијата до нивниот нов сервис DuckDuckGo Email Protection за сите корисници кои би сакале да го пробаат. Овој сервис досега им беше достапен само на ограничен број на луѓе, па сега секој кој би сакал може да види за што се работи.

DuckDuckGo Email Protection не е класичен имејл сервис, а тоа може да се претпостави и од самото име. Ова е сервис за препраќање на пораките, а целта на тоа е да се тргнат претходно сите делови од пораката кои се ставени за следење на корисникот.

Од компанијата истакнуваат дека преку пораките може да се следи кога е отворена пораката, локацијата на корисникот во тоа време, кој е уредот кој го користи и слично.

Замислата е да корисниците ја користат нивната @duck.com имејл адреса кога се регистрираат на некој сервис или кога пополнуваат одредени формулари, а пораките се препраќаат на нивната главна адреса.

Покрај основната адреса која корисниците можат да ја изберат со @duck.com сервисот, Email Protection овозможува и креирање на неограничен број на адреси кои се случајно генерирани. Ова треба да овозможи дополнителна заштита на приватноста поради користење на различна адреса за секој различен сервис.

Сите пораки кои стигаат, без разлика на која адреса на корисникот, се „исчистени“ од непосакуваниот код, па се препраќаат до главната адреса на корисникот, односно на нивната Gmail, Outlook или било која друга адреса, односно сервис.

За да се користи DuckDuckGo Email Protection корисниците треба да го вклучат преку мобилната апликација DuckDuckGo на Android и iOS, преку бета верзијата од DuckDuckGo на macOS или преку било кој прелистувач на Windows со инсталираниот додаток од компанијата.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2DuckDuckGo
Претходна статијаPickbox: Серии на Би-Би-Си што ќе ве однесат во 19. век
Следна статијаGalaxy Z Fold4 – Пристигна новиот наследник – ви ги откриваме клучните новитети на неверојатниот Galaxy Z Fold4
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.