Дури 23 холивудски филмови доаѓаат оваа есен на Pickbox NOW. Акционите трилери како Шеќерна планина (Sugar Mountain) со Џејсон Момоа или Игра со оган (Fire With Fire) со Брус Вилис, драмата како Добродетел (The Benefactor) со Ричард Гир или пак култната семејна авантура како Астерикс и Облеикс, се само некои од филмовите кои ќе бидат достапни до крајот на септември.
Издвојуваме 10 новитети кои не се пропуштаат:
Зои Кравиц во Винсент и Рокси (Vincent N Roxxy)
Романтика и насилство владеат во овој американски акционен трилер во кој главните улоги ги играат Емили Хирш и Зои Кравиц. Осаменик од мал град и бунтовна панк рокерка неочекувано се вљубуваат додека се принудени на бегство и набрзо откриваат дека насилството ги следи насекаде.
Џејсон Момоа во Шеќерна планина (Sugar Mountain)

Американски трилер со Џејсон Момоа во главната улога? Може!
Дејството се врти околу двајца браќа кои го лажираат нивното исчезнување во дивините на Алјаска за да имаат одлична приказна за преживување за продажба, но нивната измама се покажува пореална отколку што планирале.
Ричард Гир и Дакота Фенинг во Добродетел (The Benefactor)

Доброчинител е американска драма со Ричард Гир и Дакота Фенинг во главните улоги.
Еден богаташ (Ричард Гир) се чувствува одговорен за смртта на двајца оженети пријатели, поради што се вовлекува во животот на нивната ќерка (Дакота Фенинг) и нејзиниот маж (Тео Џејмс). Но нивното пријателство добива мрачен пресврт кога тој станува опседнат со парот.
Роберт Дувал во Ноќ во старо Мексико (A Night In Old Mexico)

Шпанско-американскиот авантуристички вестерн се врти околу еден човек (Роберт Дувал) и неговиот внук (Џереми Ирвин). Откако е принуден да го продаде својот семеен ранч на претприемачи, финансиски немоќниот, но гордиот постар граѓанин и неговиот отуѓен внук, се наоѓаат на мета на дилери на дрога во потрага по исчезната торба со пари.
Џина Родригез во Фили Браун (Filly Brown)

Драмскиот филм Filly Brown беше номиниран за главната награда на жирито на Филмскиот фестивал Санденс и ја освои наградата за најдобар игран филм на Филмскиот фестивал Noor Iranian. Маја е жилава раперка од Л.А. која твори од срце. Откако запознава талентиран ДиЏеј, го прави своето прво демо под водство на малиот измамник кој е повеќе заинтересиран за промовирање на сексуалноста на Маја отколку за нејзините текстови. Наскоро доаѓа голема дискографска куќа и таа ненадејно се наоѓа пред тежок избор. Ако го прифати договорот, им врти грб на пријателите кои ја довеле до работ на успехот.
Џош Духамел, Брус Вилис и Розарио Досон во Игра со оган (Fire With Fire)

Акционен трилер со Џош Духамел, Брус Вилис, Винсент Д’Онофрио и Розарио Досон во главните улоги. Откако сведочи за бруталните убиства на сопственик на продавница и неговиот син, пожарникарот Џереми Колман едвај извлекува жива глава. Бидејќи е принуден да сведочи против господарот на криминалот, Хаган, ставен е во програма за заштита на сведоци под надзор на американските маршали. Кога неговиот нов идентитет е загрозен, Џереми е принуден да преземе неочекувани чекори за да си го врати својот живот и да ги спаси животите на оние што ги сака.
Џејсон Стејтам во Блиц (Blitz)

Британски акционен трилер со Џејсон Стејтам во главната улога. Филмот се заснова на истоимениот роман на Кен Бруен, а приказната следи еден насилен полицаец кој се обидува да фати сериски убиец кој убивал полицајци во источен Лондон.
Жерар Депардие во Астерикс и Обеликс во Британија (Astérix and Obélix: God Save Britannia)

Продолжението на филмот Астерикс на Олимписките игри, е четврто продолжение во серијалот филмови за Астерикс. Јулиј Цезар доаѓа во Британија, каде што едно мало село сè уште храбро им се спротивставува на римските легии. Но ситуацијата станува критична и селаните мораат да се борат за да преживеат. Антиклимакс, еден од селаните, бара доброволци да одат да побараат помош од неговиот роднина Астерикс.
Ричард Гир и Клер Дејнс во Јато (The Flock)

Американски трилер со Ричард Гир и Клер Дејнс. Параноичниот администратор во Одделот за јавна безбедност Ерол е принуден на предвремена пензија поради своето злоставувачко однесување кон сексуалните престапници кои треба да ги надгледува, а своите последни 18 дена ќе ги помине обучувајќи ја својата замена Алисон. Но Ерол е убеден дека исчезнувањето на 17-годишната Хариет е поврзано со еден од неговите сексуални престапници кој е на условна слобода.
Роб Лоу во Местенка (Framed)

Акциона крими драма за њујоршкиот детектив Мајк Сантини. Мајк ужива на одморот со своето семејство кога го здогледува Еди Мајерс, бегалец од правдата кој би можел да биде клучен сведок во случај за перење пари. Сантини игра главна улога во фаќањето на Мајерс, што го поттикнува итриот криминалец да побара од Сантини тој да го испрашува. Тие двајца се одмеруваат еден со друг со собата за испрашување во трилер кој носи низа неочекувани пресврти.