CW-QlLBUAAASbOr.jpg large

Познатиот сопственик на исто така еден од најпознатите сервиси за споделување на фајлови, Megaupload, најавува веќе неколку пати дека планира враќање на сервисот.

Преку неговиот Twitter профил тој сега потврдува дека плановите не се променети и дека пуштањето на таканаречениот Megaupload 2.0 може да се очекува на 20-ти јануари 2017, односно на петгодишнината од полициската акција за затворање на првата верзија.

Ким Дотком инаку последниве години се „занимава“ со правни работи, поточно барањето за екстрадиција во САД каде што треба да биде суден за неговата улога во Megaupload. Во меѓувреме тој направи нов сервис за чување и споделување на фајлови, Mega, меѓутоа после одреден период го продаде.

Megaupload, како што сигурно им е познато на повеќето, иако беше обичен сервис за споделување на фајлови, тој беше користен за споделување на филмови, музика, софтвер и слична содржина која не е легална. Тоа е и главната причина зошто Дотком сега има правни проблеми.

За новиот Megaupload се’ уште нема повеќе информации, меѓутоа во досегашните најави Ким Дотком истакна дека корисниците ќе може да очекуваат до 100GB бесплатен простор за складирање на податоци, неограничен трансфер, како и можност за синхронизирање на фајловите со повеќе уреди.

Исто така, се најавува некаква вклученост на електронската валута Bitcoin во целата работа, меѓутоа уште не е познато со која цел. Најавено е и контактирање на сите стари корисници на Megaupload на кои треба да им бидат активирани сметките.

Дефинитивно ќе биде интересно да се види дали овој сервис навистина ќе биде пуштен, за што ќе се користи, а и какви ќе бидат реакциите на властите.

Извор: PCMag, BBC