На Pickbox NOW доаѓаат нови интересни документарни филмови како Уметноста на архитектурата и Уметноста на градината, но и серијата која ја открива приказната за Пети Херст, киднапираната богата наследничка, а и го поставува прашањето дали таа е жртва или злосторничка.
Еве кои сè документарни филмови ги препорачуваме за гледање во јули на Pickbox NOW.
Уметноста на архитектурата (The Art of Architecture) – доаѓа на 28 јуни

Уметноста на архитектурата е британска документарна серија која ќе ги воодушеви сите љубители на архитектурата, но и оние кои штотуку влегуваат во светот на дизајнот и архитектурата. Секоја епизода претставува студија за сегменти од нова архитектура или реставрација, покажувајќи како се инспирирани, дизајнирани и доведени до реализација, со профил на архитектот или компанијата што ги создала. Филмот го режира и го раскажува Алистер Лајзел, а архитектонски консултант е Маркус Бини.
Уметноста на градината (The Art of Garden) – доаѓа на 7 јули

Талентирани дизајнери на градини зборуваат за своите најнови проекти и ги покажуваат врските помеѓу лечењето, климатските промени, одржливоста и уметноста на градината. Оваа документарна серија е приказ на најдоброто од современиот градинарски дизајн во целиот свет.
Повеќе од храна (Beyond Food)- доаѓа на 7 јули

Документарниот филм ги истражува начините на кои група извонредни луѓе живеат неверојатни животи, јадат вкусна храна додека извлекуваат повеќе енергија и ментален фокус од своите дневни ритуали. Биохакери, палео, вегани, невронаучници, спортисти, собирачи на храна, сточари, фармери, научници за нутриционизам. Повеќе од хранапокажува дека постојат многу можности да се чувствувате моќно и здраво со извонредна сила на мозокот и енергија, а и да го живеете животот бестрашни и несопирливи. Ова не се брзи или магични решенија, ова е начин на живот.
Радикална приказна за Пети Херст (The Radical Story of Patty Hearst)– доаѓа на 14 јули

Документарната мини серија за Пети Херст истражува која е таа всушност: жртва или злосторник? Повеќе од четириесет години подоцна, извештаите од прва рака расветлуваат една од најбизарните приказни во модерната американска историја. Трансформацијата на Пети Херст од киднапирана наследничка во терористка. е сага за привилегии, слава и насилството што ја зафати нацијата.
Филмови (The Movies) – доаѓа на 21 јули

Од продукцијата на Си-Ен-Ен и од Том Хенкс како извршен продуцент, оваа шестделна мини документарна серија фрла поглед на историјата на филмовите и нивното влијание на нашата култура. Шесте епизоди се поделени по декади во кои го следиме развојот на филмот од Златната ера на Холивуд до денес. Историска, информативна и забавна – оваа документарна серија е идеална за сите љубители на филмот!
Опуштете се со новите документарни филмови на Pickbox NOW, научете нешто ново и гледајте сè за интересните теми како историја на филмот, уметноста на архитектурата или сè за здравиот начин на живот каков што го водат невронаучниците или биохакерите.