Дел од сервисите на Microsoft, како на пример Teams, OneDrive for Business, Outlook, Exchange Online, SharePoint Online, PowerBI, Microsoft 365 Admin Center, но се верува дека и други сервиси, не им беа достапни на голем број корисници во светот. Проблемот сега е решен, па сервисите треба да им се достапни без проблеми на сите корисници.
Од компанијата прво пријавија дека истражуваат проблем со повеќе Microsoft 365 сервиси, по што објавија дека проблемот е откриен и решен. Кратко кажано, проблемот е настанат поради промена во одредени прилагодувања во мрежата во дата центрите од каде функционираат сервисите. Иако вакво нешто ретко се очекува од големите ИТ компании, сепак вакви проблеми се случуваат од време на време.
Со оглед на бројот на компании кои ги користат Microsoft 365 сервисите во светот, големи се шансите да некој од вас го има забележано проблемот. Со објаснувањето од Microsoft сега се знае каде е проблемот, па нема потреба да се бараат причини во локалните мрежи.