Фото: Shutterstock.com

Од непознати причини, Netflix започна со тргање на поддршката за „Casting“ од нивната мобилна апликација, а тргањето се однесува за поновите модели од телевизорите и уредите како Chromecast, Google TV уредот и слично. 

Ова значи дека корисниците кои имаат понов уред, веќе нема да можат да започнат да гледаат Netflix содржина од нивниот мобилен уред и истото да го продолжат на телевизорот, заедно со можноста за контрола преку мобилниот. 

Корисниците сега ќе мораат да гледаат Netflix единствено преку апликацијата на телевизорот, нешто што секако не претставува проблем, а истата е доста напредна и достапна кај сите модели. 

Поддршката за пуштање на видео сигналот преку мобилните ќе остане за постарите модели од телевизорите, а корисниците ќе можат да го проверат истото преку достапноста на „Cast“ иконата во самата апликација.