Netflix активно ги подобрува своите верзии од апликациите кои се достапни како на мобилните, така и на повеќето паметни телевизори. Тоа го прави овој сервис да го има едно од подобрите кориснички искуства во споредба со конкурентите, барем тие кои се достапни кај нас.
Сепак, една од новините кои ги воведе во својата апликација, во главно на телевизорите, е автоматското пуштање на, кратко кажано, „трејлерите“ од филмот или серијата врз која ви е моментално поставен изборот.
Иако оваа функција може да се покаже како корисна, сепак видеото со звукот почнуваат веднаш, дури и кога само листате што сакате да гледате. Звукот е прилично гласен, а ова прави да не може едноставно да ја оставите вклучена Netflix апликацијата и да правите нешто друго.
Сега ова може да се исклучи, а и повторно да се вклучи доколку се покаже дека било покорисно од што сте мислеле. Исклучувањето на може да се направи преку апликациите, односно истото мора да се направи преку најавување на Netflix преку интернет прелистувач.
Опцијата за исклучување иако е достапна и во прилагодувањата, побрзо се стига до неа со притискање на „Manage Profiles“ на првата страна каде се прикажани сите корисници на таа сметка. Во тој дел се достапни две опции кои може да се исклучат или вклучат.

Едната е за автоматските видеа, а втората е за автоматското почнување на наредната епизода кај сериите, нешто што сепак е многу повеќе корисно за разлика од другата функција.
Промената може да не биде веднаш направена, односно може да треба да се причека некој час, а може да помогне промената на профилот, па враќање на вашиот или одјава, па повторна најава.