Почнувајќи со најновата и последната сезона од серијата „YOU“, Netflix најави новина поврзана со прикажувањето на титловите. Истите сега кога се прикажуваат во оригиналниот јазик на филмот или серијата се наменети за корисниците кои имаат проблеми со слухот.
Новината која ја најавија од компанијата додава уште еден титл кој ќе го вклучува само дијалогот, односно без објаснувањата кои се наменети за корисниците со проблеми со слухот.
Оваа новина ќе биде достапна за сите нови филмови и серии од компанијата, без разлика кој е оригиналниот јазик на истите.

Причината поради која од Netflix ја воведуваат оваа нова можност кај титловите е мислам позната за голем дел од корисниците. Без разлика дали го разбираме јазикот на содржината, често истата ја гледаме со титлови поради подобро следење на дијалогот.
Ова често се практикува кога се гледа потивко или во гласна просторија, а од Netflix истакнаа дека скоро половина од корисниците во САД ги вклучуваа титловите кога го гледаат сервисот.
Кај преводите оваа можност очекувано веќе е достапна, односно тие не се наменети само за корисниците со проблеми со слухот.