На Pickbox NOW оваа есен доаѓаат серии идеални за есенското заладување. За сите љубители на крими жанрот, топло ја препорачуваме свежата британска крими-серија Инспекторката Реј и шармантната италијанска крими хумористична серија Убиствата во барот Луме. Еве што сè треба да знаете за кремот на европските сериски новитети на Pickbox NOW.
Шармантната италијанска серија Убиствата во барот Луме (Murders at BarLume)

Убиствата во барот Луме шармантна италијанска серија на креаторот на „Инспектор Монталбано“. Адаптирана според романите на Марко Малвади, дејството се одвива во Пинета, прекрасно тосканско приморско село. Во средиштето на приказната е Масимо Вивијани, човек кој добива на лотарија, купува бар на море и сонува за лесен живот. Но ништо не се одвива според планот.
Топлите, духовити приказни вклучуваат злосторства, детективи и група мудри старци кои седат пред барот Луме и го изнесуваат своето мислење секому кој сака да слуша. Паметната италијанска криминалистичка драма вклучува извонредна актерска постава на чело со Филипо Тими во улогата на Масимо.
Хумористичната криминалистичка драмска серија се состои од севкупно 18 епизоди и е идеална за лесна, весела забава сместена во шармантната заедница на плажа. Сите разни криминалци се изведени пред лицето на правдата, секој на различен начин. Уживајте во серијата веднаш зашто веќе стигна на стриминг сервисот.
Британската серија Инспекторката Реј (DI Ray)

Новата британска полициска серија е вистинско освежување на крими-сцената. Серијата ја создаде и ја напиша сценаристката и актерка Маја Сонди, а ја продуцираше познатиот продуцент Џед Меркурио.
ДИ Реј е полициска детективка која ја игра британско-американската актерка од индиско потекло Парминдер Награ. Реј работи во фиктивна полиција со седиште во Бирмингем. Таа е паметна, дрска и цврста, и штотуку добила унапредување. Реј презема случај кој ја принудува да се соочи со личните проблеми. Со свежа перспектива, оваа серија носи интересна приказна којашто ќе ги воодушеви гледачите.
Оваа британска серија е импресивна, комплексна, длабока, и веднаш тргнува во акција. Глумата е одлична, а актерката Парминдер Награ брилира во главната улога. Актерската постава исто така ја сочинуваат Џема Вилан и Џејми Бамбер. Уживајте во серијата веќе од овој викенд зашто на стриминг сервисот доаѓа на 8.9.
Идеалните есенски серии Убиствата во барот Луме и Инспекторката Реј гледајте ги само на Pickbox NOW.