Навистина голем број на британски серии може да се гледаат на домашниот стриминг сервис Pickbox NOW, а ние ги носиме седумте најдобри што се нудат во ноември. Од новата, седма сезона на шкотската криминална серија Шетланд, до класици како Гордост и предрасуда (Pride and Prejudice) и новата серија заснована на романите од Агата Кристи – Зошто не го прашаа Еванс?, овие феноменални серии им ги препорачуваме на сите љубители на квалитетни британски серии.

Новата, седма сезона на брилијантната шкотска криминална серија на Pickbox NOWможе да се гледа од четврти ноември. Покрај тоа што е добитник на наградата БАФТА за најдобра драмска серија, Шетланд се одликува со брилијантни мистерии и повеќедимензионални карактери. Дејството се одвива во шкотскиот архипелаг, а главното место на дејството е Шетланд, карактеризиран од уникатните пејзажи и единствениот начин на живот. Полицискиот тим истражува криминални дела кои се блиску поврзани со островската заедница, предводени од снаодливиот и проникливиот инспектор Џими Перез. Во такво изолирано и некогаш непријателско настроено опкружување, полицискиот тим наоѓа креативни начини за истрагите и полициската работа.

Endeavour (Младиот инспектор Морз)
На почетокот на прикажувањето, популарната детективска серија имаше повеќе од 6,5 милиони гледачи, а критичарите имале само пофалби. „Гардијан” пишува дека одлуката да се гледа оваа серија е повеќе од едноставна. „Младиот инспектор Морз“ се истакнува како единствена детективска серија, а така пишува и „Лос Анџелес Тајмс” – „Ова е совршено компликувана и сликовито интересна мистерија.” Поставена во 60-тите години на минатиот век, „Младиот инспектор Морз“ го следи идниот инспектор Морз (Шон Еванс) во неговите рани години додека бил полицаец. Работејќи крај својот постар партнер Фред Турсдеј (Роџер Алам), Морз решава разни интересни случаи во околината на Оксфорд. Седмата сезона е достапна од четврти ноември!

Грејс е вистински детективски деликатес, во чија полза е фактот дека се заснова на фасцинантна серија романи од авторот Питер Џејмс, преведени на 37 јазици, со продажба од преку 20 милиони примероци ширум светот. Втората сезона ќе биде достапна на Pickbox од 4 ноември.
Во фокус на приказната е упорниот и вреден детектив од Брајтон, Рој Грејс (Џон Сим) кој го посветил својот живот на детективската работа, но неговата кариера моментално е во најлошата можна фаза. Тој е протеран за да се занимава со случаи кои се одамна заборавени, а исчезнувањето на неговата сакана сопруга Сенди сѐ уште го прогонува. По уште една казна поради неговите невообичаени методи, Грејс е пред отпуштање. Знаејќи дека Грејс може подобро, неговиот колега, детектив Глен Брансон, го моли за помош со еден случај. Тие почнуваат да работат на случај со исчезнат младоженец, успешен градежник кој има прекрасен живот. Со помош на инстинктите, сомничавоста и опсесивната природа, Грејс упорно се обидува да ја открие вистината.

Agatha Christie: Why Didn’t They Ask Evans? (Агата Кристи: Зошто не го прашаа Еванс?)
Сестраниот британски глумец, режисер и сценарист Хју Лoри, кој добро го познаваме од сериите „Доктор Хаус” и „Ноќниот менаџер”, ни носи нова сериска адаптација на крими-романите на Агата Кристи. Лори од детството е голем обожавател на популарната писателка, а неговата омилена книга е токму „Зошто не го прашаа Еванс?”.
Боби Џонс (Вил Полтер) е син на викар кој почнува да ја истражува смртта на човек кој изгледа дека паднал од врв на карпа. Меѓутоа, тоа што смртта ја прави сомнителна е мистериозното прашање кое човекот го поставува додека паѓа “Зошто не го прашаа Еванс?”, Додека Боби, чесно и љубезно момче, ја истражува смртта со својата паметна и непоколеблива пријателка од детството Френки (Луси Бојнтон), разоткрива мрачни завери, измами, предавства и убиства. Ве очекува вистинска доза Агата Кристи!

Ако мислите дека веќе сте ги виделе сите можни полициски сценарија, новата британска серија ве кани да размислите уште еднаш. Во сосема нетипична полициска серија, Мартин Фримен (Канцеларија, Хобит) е полицаецот Крис кој работи ноќни смени, а од мртвите тела кои ги наоѓа зема цигари и храна што не успеале да ја изедат до крај. “Но ова не е сатира, повеќе се темели на вистинити случувања”, кажа сценаристот Тони Шумахер, кој 11 години работел како полицаец и чии приказни ја инспирирале изработката на серијата.

Pride and Prejudice (Гордост и предрасуда)
Мини-серијата на Би-Би-Си наградена со „Еми“, Гордост и предрасуда (Pride and Prejudice) се занимава со предрасудите кои се појавиле меѓу класите во 19. век, и со гордоста, толку силна што разделувала љубовници. Списокот на славни актери го составуваат Колин Фирт, Џенифер Еле и Сузана Харкер. Убавината, духовитоста и енергијата на главниот лик Елизабет совршено се доловени од изведбата на Џенифер Еле. Колин Фирт е феноменален во улогата на господин Дарси, тој е маркантен и резервиран, но интересен и длабок. Совршен роман, совршена серија!

Отпатувајте во носталгично и романтично време со прекрасната ТВ адаптација од Би-Би-Си на култниот роман Џејн Ејр од писателката Шарлота Бронте. Дејството се врти околу младата жена Џејн, кој ја глуми феноменалната Рут Вилсон. Таа пораснала во сиромаштија, живеејќи со тетка ѝ госпоѓа Рид (Тара Фицџералд). Таа добива работа на богат имот, како дадилка и воспитувачка на младата Адел (Косима Литлвуд). Џејн се вљубува во замислениот, маркантен и мистериозен господин Рочестер, сопственик на богат имот. Од воодушевувачки снимки од англиско село низ сите годишни времиња, до интимни сцени во скривници на замоци, оваа адаптација на Џејн Ејр ги прикажува богатството и привлечноста на британската телевизија. Сценариото и интеракцијата меѓу актерите се првокласни, поради што не е изненадувачки фактот дека ова е серија која добила три „Еми” награди.