Фото: Shutterstock.com

Spotify, за почеток само во Нов Зеланд, започнува со тестирање на нова можност за подобро слушање на музика. Од компанијата оваа новина ја промовираат како контрола од страна на корисниците, односно можност за насочување на алгоритамот кој одлучува каква музика ќе им биде предложена. 

Во основа се работи за додавање на генеративна вештачка интелигенција во сервисот, па корисниците ќе можат конкретно да побараат од Spotify што би сакале да слушаат, исто како што веќе се имаат научено да поставуваат барања до, на пример, ChatGPT. 

Од компанијата даваат и неколку примери за како би функционирала оваа нова функција, па корисниците ќе можат да побараат „музика од моите најслушани изведувачи во последните пет години“ или „поп и хип-хоп музика со висока енергија за 30 минути трчање од 5 километри која држи стабилен ритам пред да се намали во релаксирачка музика за ладење“. 

Креираните листи со музика можат да се менуваат и по нивното креирање, а исто така може да се побара тие да се освежуваат секоја недела, на пример, со цел откривање на различни песни. 

Оваа новина ќе им биде достапна на претплатниците на Spotify Premium, кога ќе стане достапна за сите после тест периодот.