Како одговор на две објави на неговата мрежа X, Елон Маск најави дека во план е пуштање на е-пошта сервис од страна на компанијата. Најавата доаѓа во класичниот стил на Маск, кој само кратко кажа дека вакво нешто се планира да се направи.
Очекувано, нема повеќе информации за тоа дали навистина и кога може да се очекува @x.com сервис и какви функции би нудел. Исто така не може да се процени колку корисници би се одлучиле да го заменат нивниот главен сервис кој сега сигурно е Gmail или Outlook, со тој од X.
Од еден од коментарите се добива мала претстава за тоа во кој правец треба да бидат очекувањата за сервисот. Тој наводно би овозможил едноставна текстуална комуникација која би се отворала преку системот за пораки на X мрежата.
Колку е потребен еден ваков сервис, нема да навлегувам, а ќе видиме дали и кога би бил пуштен.