Јасно е дека се повеќе корисници гледаат YouTube видеа преку нивниот телевизор, а во голем дел улога во тоа има фактот што веќе нема телевизори кои не се паметни и кои ја немаат оваа апликација инсталирано.
Додатно, видеата кои ги има на YouTube се доволно добри и наменети за „стариот“ видео формат, за разлика од новиот кој се користи за „Shorts“, „Reels“ и слично.
Најавувајќи 5 нови функции за YouTube „креаторите“, Google објави дека го зголемува ограничувањето кое го има моментално за големината на сликата која се користи како насловна за видеата.
Ограничувањето се зголемува од сегашните 2MB, на одлични 50MB, што значи дека креаторите добиваат можност да имаат квалитетна слика во време кога повеќето телевизори доаѓаат со 4К резолуција.
Од компанијата истакнаа дека во изминатата година бројот на канали кои заработуваат големи суми преку телевизорите е зголемен за 45%, нешто што сигурно само ќе продолжи да расте во иднина.










































