Тестот кој Google го започна со блокирање на пристапот до видеата за корисниците кои користат некои од познатите „блокирачи“ на реклами, сега излегува од таа фаза и се проширува на сите.
Информацијата ја потврдуваат од компанијата за The Verge, па во периодот што следи сите корисници може да ја очекуваат пораката на црна позадина која не им дозволува да ги гледаат видеата.
На пораката стои дека блокирањето на рекламите е спротивно на условите за користење на сервисот, а тие овозможуваат користење на сервисот бесплатно од страна на милијарди луѓе низ светот.
Последно, се препорачува претплата на YouTube Premium, со што нема реклами, а креаторите повторно може да бидат платени од таа заработка.
Изминатиот период YouTube доби неколку промени во начинот на прикажување на рекламите, а посебно на телевизорите, па не е чудо што корисниците се одлучуваат за нивно блокирање. Premium претплатата не е баш ниска и покрај тоа што со истата следува и YouTube Music сервисот.