Фото: Shutterstock.com

По првичната најава уште во 2023 година, Google дури сега ја проширува достапноста на нивните реклами за YouTube на телевизорите кои траат 30 секунди и не можат да бидат прескокнати. 

Во објава наменета за огласувачите, Google го најави проширување на достапноста во целиот свет, што на крајот значи дека и корисниците можат да почнат да ги очекуваат овие реклами кога гледаат YouTube.

Рекламите кои траат 30 секунди и не може да бидат прескокнати се приклучуваат на веќе достапните реклами од 6 и 15 секунди, а од реклами ќе се прикажуваат и додека корисникот го има паузирано видеото. 

Станува јасно дека Google гледа максимално да ја искористи можноста за заработка преку YouTube,до степен што веќе станува скоро невозможно да се има нормално корисничко искуство на платформата без да се плаќа за истата. 

Секако, ништо од ова не важи за корисниците на YouTube Premium, но не секој сака да плаќа за гледање на видеа на YouTube.