YouTube ја претстави „YouTube Recap“ функцијата преку која корисниците ќе можат да добијат претстава што е тоа што го гледале најмногу во текот на изминатата година.
Ова е првпат од мрежата да пуштат една ваква функција, а истата оваа недела им е пуштена на корисниците во САД, по што во наредните недела дена можат да ја очекуваат останатите корисници во светот.
До делот за „Преглед“ може да се дојде преку главната страна, преку делот „You“, како и директно со отворање на youtube.com/recap.
Секако, корисниците треба да се најавени со нивната сметка преку која гледаат YouTube видеа за да можат да го видат прегледот за изминатата година.
Оваа новина ќе се прикажува во формат сличен со „stories“, а корисниците можат да очекуваат до 12 картички кои ќе ги прикажат најгледаните канали, интересите, како и навиките на гледање за таа година.









































