YouTube тестира нешто што може да се каже дека е беше очекувано со оглед на развојот и масовната употреба на генеративната вештачка интелигенција. Оваа видео мрежа изгледа ќе ја добие една од основните и најчесто користени функции од ВИ, а тоа е сумирање на содржината.
Информацијата доаѓа од познатиот „јутјубер“ Арун Маини, односно познат како Mrwhostheboss. Од сликата која ја објави на X, може да се види кратко сумирање на видеото, во неколку реченици, веднаш под описот на истото.
Според него, ова сумирање ќе се прави автоматски, односно корисниците нема да мора да притиснат на некое копче доколку сакаат да добијат сумирање на видеото.
Ова е одлична новост, а се надевам дека ќе стане дел од YouTube. Видеата кои се гледаат целосно ќе продолжат да бидат гледани, но има доста видеа кои би било добро уште на почетокот да се знае во кој правец одат, зошто има доста од нив кои не се баш како што стои во насловот и нивниот опис.
Маини добро истакнува дека оваа новина е одлична за корисниците, но може да претставува проблем за креаторите поради фактот што можно е да им се намали гледаноста.
Нема информација дали и кога може да се очекува официјалното пуштање на оваа новина, па ќе продолжиме да ја следиме темата.